Банките ѕидаат профити - за 9 месеци добивки од 81 милион евра

Bez autora
Nov 17 2016

Нема ни криза ни зима за македонските банки, нивните профити растат се' повеќе и повеќе. Тоа повторно го потврдија најновите податоци на Народна банка на Македонија, објавени деновиве, кои се однесуваат на првите три квартали од годинава, и кои говорат дека за тој период вкупниот профит во домашниот банкарски сектор изнесувал 81 милиони евра. Во однос на истиот период лани кога вкупната банкарска добивка била 60,3 милиони евра, во првите девет месеци од годинава таа бележи раст од 34,2 проценти. Граѓаните во земјава, соочени со ниски плати и тешка егзистенција, се' повеќе се упатени на користење банкарски кредити, и тоа не само класични, туку и на задолжување по основ на кредитни картички и минуси на тековните сметки, што доведува до постојано зголемување на нивниот долг кон банките, кој сега вкупно тежи околу две милијарди евра.

Банките ѕидаат профити - за 9 месеци добивки од 81 милион евраНема ни криза ни зима за македонските банки, нивните профити растат се' повеќе и повеќе. Тоа повторно го потврдија најновите податоци на Народна банка на Македонија, објавени деновиве, кои се однесуваат на првите три квартали од годинава, и кои говорат дека за тој период вкупниот профит во домашниот банкарски сектор изнесувал 81 милиони евра. Во однос на истиот период лани кога вкупната банкарска добивка била 60,3 милиони евра, во првите девет месеци од годинава таа бележи раст од 34,2 проценти.

Граѓаните во земјава, соочени со ниски плати и тешка егзистенција, се' повеќе се упатени на користење банкарски кредити, и тоа не само класични, туку и на задолжување по основ на кредитни картички и минуси на тековните сметки, што доведува до постојано зголемување на нивниот долг кон банките, кој сега вкупно тежи околу две милијарди евра. Банките наплатуваат високи камати на своите кредити, особено кај картичките и минусите, наспроти се' пониските каматни стапки што ги исплаќаат на депозитите, и што всушност го прави „лавовскиот“ дел од нивните профити. На користење кредити се упатени и компаниите, кои исто така сметаат дека треба да бидат пониски нивните каматни стапки.

И во првите девет месеци од годинава банките најзначајниот дел од своите профити им го должат на нето-приходите од камати, што е всушност разликата меѓу каматите на кредитите што тие ги даваат и на депозитите што им ги плаќаат на штедачите. Нето приходите од камати во првите три квартали од годинава се на ниво од 186 милиони евра, што е пораст во однос на истиот период лани, кога беа 171 милиони евра. А, нето-приходите од камати се добиваат како разлика меѓу приходите и расходите од каматите. Во првите девет месеци од годинава банките наплатиле по основ на камати вкупно 245 милиони евра. Во тие рамки, само граѓаните кои користеле кредити по основ на камати во овој период платиле 106 милиони евра, додека, пак, компаниите за камати им платиле на банките 99 милиони евра. Банките „ќариле“ по основ на камати и од државата, за државните хартии од вредност преку кои таа се задолжува кај банкарскиот сектор, и тоа сума од 14 милиони евра за девет месеци. А, како расходи за камати тие издвоиле само 59 милиони евра.

Значителни нето приходи банките во трите квартали оствариле и од провизии и надоместоци, и тоа близу 51 милиони евра, додека на основа на останати приходи од дејноста заработиле околу 29 милиони евра. Од курсни разлики, пак, заработката е помалку од девет милиони евра.

Најголемите расходи банките ги направиле од останати расходи од дејноста, односно 71 милиони евра, додека за своите вработени во првите девет месеци од годинава потрошиле вкупно 56 милиони евра. За резервации за лошите кредити, односно за загуби поради оштетување - исправка на вредноста на финансиските средства, банките во првите девет месеци потрошиле 49 милиони евра.

Повеќе банки веќе ги објавија на Берзата своите финансиски резултати за првите три квартали. Стопанска банка Скопје во овој период оствари нето добивка во износ од 1,855 милиони денари, односно 30,16 милиони евра, што е за 15,6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Инаку, Собранието на акционери на Стопанска банка донесе одлука за исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2,776 милијарди денари. Бруто- дивидендата по акција изнесува 159 денари, а исплатата ќе почне на 29 декември.

Инаку, остварените нето-приходи од камата во анализираниот период се за 6,8 отсто поголеми во споредба со истиот период од претходната година.

НЛБ Банка во деветте месеци оствари нето добивка од 1.151.290 илјади денари или 18,7 милиони евра, што е повеќе за 43,6 отсто во однос на истиот период од 2015 година. Нето каматните приходи во третиот квартал од 2016 година се повисоки за 13,5 отсто споредено со истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 6,1 отсто, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки. Расходите по камати се пониски за 12,4 отсто главно поради пониските цени на изворите од небанкарскиот сектор, објаснија од банката.

Комерцијална банка, пак, во периодот од деветте месеци од годинава оствари позитивен финансиски резултат во износ од 526,2 милиони денари, или 8,56 милиони евра, откако лани во истиот период лани прикажа добивка од 5,15 милиони евра. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 13,1 отсто повисока во однос на минатата година, што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата, зголемувањето на останатите приходи (пред се' приходи од капитални добивки од преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања, наплатени претходно отпишани побарувања и приходи од девизно работење), при истовремено намалување на оперативните расходи, образложија од банката.

Охридска банка Сосиете женерал, пак, има кумулативен реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1 до 30.9 2016 година од 425 милиони денари, односно 6,9 милиони евра, што е раст за 14,8 отсто. Нето-приходите од камати пораснале за 14,7 отсто.

Инаку, заклучно со првото полугодие од годинава нашите банки прикажаа вкупен профит од близу 46,5 милиони евра, што значи само во третиот квартал добивката се зголемила речиси двојно.

Најголемите банки со најголеми добивки

Ако се гледа според групи на банки, најголемите добивки како и вообичаено ги прават големите банки, односно големата банкарска четворка остварила добивка од 66,4 милиони евра. Средните банки имаат добивка од 14,3 милиони евра. Добивка оствариле и малите банки, иако таа е мала и изнесува вкупно 160 илјади евра, но добро е што малите банки излегоа од зоната на негативата, односно загубата која ја прикажаа во истиот период минатата година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik